Владата ја донесе Одлуката за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област.
Оваа одлука е донесена од потребата за формирање на посебно тело за координација и следење на состојбите со недискриминација, пред сѐ заради подигнување на транспаретноста во работењето на институциите во оваа област, координација на активностите меѓу институциите и организациите (здруженија на граѓани и меѓународни организации), за заедничко воспоставување на приоритети на годишно ниво во оваа област врз основа на меѓународни и други извештаи и анализи, како и за континуирано следење на состојбите во оваа област и заедничко предлагање на мерки за подобрување на состојбите.
