Положбата на Македонците во Албанија и активностите кои ги реализира македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, биле главна тема на средбата што во Скопје, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај ја оствари со министерката за образование и наука Рената Дескоска.
– Министерката Дескоска ја запознав со актуелната положба на Македонците во Албанија, поточно со проблемите со кои се соочуваме ние Македоците во Албанија посебно во сферата на образоването.Таа покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија и отворено разговаравме за можни активности кои би помогнале за надминување на нашите проблеми, изјави Ѓурѓај за МИА.
Во исто време тој ја запознал со активноста на друштвото кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница во Албанија.
Посочува дека во опсегот на надлежностите, Дескоска искажала подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија.
