Димитров: Успеавме да го промениме медиумски пејсаж и да го ослободиме медиумскиот простор

Од:

Денес во Сараево, министерот за надворешни работи Димитров учествуваше на тркалезната маса „Bergedorf“, која оваа година беше организирана на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“. Министерот за надворешни работи се обрати на панелот „Внатрешните реформи: доброто управување и владеење на правото”.

На тркалезната маса учествуваа високи политичари, како и интелектуалци, публицисти и членови на граѓанското општество од Западен Балкан, релевантни земји-членки на ЕУ, Русија, Кина и САД.

Акценотот на тркалезната маса беше ставен на политичките структури и надворешните влијанија во регионот; исто така беа разгледани и начините на соработка меѓу ЕУ и регионалните партнери во земјите од Западен Балкан, со цел да се постигне поголема економска и политичка кохерентност.

Димитров оствари средба и со Лилиана Тонги, потпретседател на Комитетот за надворешни работи во францускиот парламент.

– Во Република Македонија денес имаме здрава политичка дебата. Успеавме да го промениме медиумскиот пејсаж и да го ослободиме медиумскиот простор. Верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Треба да го менуваме системот, но и менталитетот и пристапот кон медиумските слободи, и воопшто кон улогата на критичката јавност, рече Димитров.