Конзорицум од шест европски институти, меѓу кои и Институт за истражувања во животна средина, градежниот сектор и енергетиката (ИЕГЕ) од Скопје, доби грант од програмата Хоризонт 2020 во износ од 1,25 милиони евра, за развивање на BIMcert, програма за обуки во градежниот сектор.
Конзорциумот, предводен од Белфаст Мет Колеџот и Одборот за обуки во градежната индустрија, во партнерство со Технолошкиот институт од Даблин, Северна Ирска, со добиените средства за истражување ќе развие комплет на професионални обуки и материјали, наменети за сите струки и профили во градежништвото, што ќе се користат за подобрување на пристапот кон информативното моделирање на градбите, со цел нивно одржливо проектирање и користење.
Building Information Modeling (БИМ) е современ професионален софтвер наменет за примена во градежниот сектор, со кој се овозможува формирање на информациски модел на градбата. Се повеќе земји во светот го воведуваат БИМ како задолжителна техника на проектирање и изведба на градежните проекти, со особено нагласена задолжителнист во фазата на тендери и јавни набавки.
ИЕГЕ е прва институција во Македонија, акредитирана за професионално продолжено образование, која успеа да обезбеди воведување на оваа технологија на иднината во градежниот сектор во земјата и регионот, преку иновативен проект финансиран од Хорзонт 2020.