Прегазен пешак на патот Куклиш-Свидовица, возачот го напуштил местото на настанот

Од:

Синоќа околу 21.50 часот на регионалниот пат село Куклиш – село Свидовица, непознат возач управувајќи непознато возило удрил во Г.С.(61) од село Куклиш кој починал, по што возачот го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки, околу 23,30 часот во село Ињево, радовишко, од слобода е лишен Д.Г.(26) од истото село поради сомнение дека истиот управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Венто”, сопственост на неговиот татко, го удрил и усмртил Г.С. Се работи на целосно расчистување на случајот.