ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше можност за предвремено пензионирање, а сега размислуваат за покачување на старосната граница

Од:

„СДСМ ги излажа пензионерите. Пензионерите се заборавени од владата. Пензионерите наместо покачување на пензиите добија намалување.

СДСМ ветуваше дека ќе им овозможи на граѓаните можност за предвремено пензионирање и до 5 години. СДСМ излажа.

Дополнително граѓаните се загрижени од најавите на Заев, дека власта размислува за покачување на старосната граница за пензионирање. СДСМ мора да знае дека покачувањето на старосната граница ќе има големи последици кои повторно ќе бидат на грб на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.