Еден загинат во сообраќајка кај село Удово

Од:

Денеска околу 13 часот на автопатот Скопје-Гевгелија кај село Удово Т.П. (роден 1978) од Кавадарци, управувајќи моторцикл „Хонда“ удрил во задниот дел од патничко моторно возило „Волксваген голф-4“, со бугарски регистарски таблици, управувано од бугарскиот државјанин А.Д.П..

Со возило на Итна медицинска помош Т.П. е пренесен во Медицински центар-Велес, каде е констатирана смрт.

Увид се врши. Сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање.