Днеска во кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, се одржа средба меѓу Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и новоименуваниот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
Покрај срдечните честитки за изборот на новиот директор Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ги истакна своите искрени желби за успешна работа и поддршка за сите идни заложби на новиот директор во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската Православна Црква и сите нејзини верници.
Сотировски ја истакна заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа беше истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.
