Сезоната на респираторните заболувања и нивниот најпрепознатлив признак – кашлицата, е во полн ек. Предизвикувачите се многубојни и најчесто дејствуваат комбинирано.
Студот, загадениот воздух, чадот од автомобилите и од фабриките, па и миризбата од правосмукалката и од средствата за домаќинство – се тоа влијае на белите дробови и на евентуалните воспаленија на дишните патишта.
Лекарите велат дека границата од „обичната“ настинка до бронхитис, е мала, ако не обрнеме доволно внимание на здравјето.
За тоа, тие препорачуваат капки и капсули кои освен како лекови, се употребуваат и за превенција од респираторни инфекции.
