На 24.02.2018 година околу 15.45 часот полициски службеници извршиле увид во обложувалница во Тетово, сопственост на С.И. (40) од Тетово.
Притоа, во објектот биле пронајдени два апарати за покер, еден компјутер со читач, два телевизори и парични средства во вкупен износ од 1500 денари.
Предметите и паричните средства биле одземени со потврда поради сомнение за приредување игри на среќа без лиценца. По целосно документирање на случајот, против С.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
