На патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 21 часот.
Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с. Сопот, поради поголем одрон од 20:55 часот се одвива наизменично со мали прекини поради чистење на одронот. На самото место се екипите на ЈП Македонијапат и сообраќајна полиција. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
