Сообраќајот на патниот правец Струга-Ќафасан во прекин поради сообраќајка

Од:

Од 17:40 часот сообраќајот на патниот правец Струга-Ќафасан е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.

Од 07:00 часот, поради снимање на филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип на 4 км се пренасочува десно кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.