Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Македонски Брод. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Буково, во Крива Паланка, Крушево, Делчево и Смојмирово.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.
