А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Аеродром: Доколку се утврди вина, веднаш ќе се спроведат санкции за воспитувачката

by А1он07/02/2018 - 17:3707/02/2018 - 17:4075
Share0

Општина Аеродром е во постојана комуникација со директорот на градинката, кој наскоро очекува одговор од МВР во однос на случајот. Доколку се утврди вина, веднаш ќе се спроведат соодветни санкции за воспитувачката, соопшти Општина Аеродром во врска со инцидентот кој бил пријавен во полиција.

Добивај вести на вибер

Во понеделникот, родителката Е.Г. (36) од Скопје пријавила кај директорот на градинка во Општина Аеродром дека забележала оток на десниот образ на нејзиниот шестгодишен син. Според изјавата на детето, воспитувачката го удрила неколку пати по десниот образ.

Директорот на градинката ја упатил мајката да го однесе детето во Здравствена установа за да се утврдат евентуални повреди и да пријави во полиција за да може да се постапува по случајот. Од страна на лекар била издадена потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето. Раководството на градинката оствари разговор со вработената, која го негира инцидентот. МВР во моментов презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од Општина Аеродром.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто