(ВИДЕО) Заев: Подготвени сме за име со географска одредница

Од:

Подготвени сме за име со географска одредница, изјави премиерот Зоран Заев по прозивката од министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој побара од македонската Влада јавно да соопшти која придавка е прифатлива за новото име.

„Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница, и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Јавно се позиционираме, нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.

Тој додаде дека е оптимист и дека во следните 6 месеци може да се најде решение и ќе се затвори дводеценисиот спор со Грција.

„Ги следиме настаните во Грција и реакциите дома. Јас сум отпимист. Решение мора да има. Нема да биде лесно, но може. Ако водиме грижа за јужниот сосед и тој за нас, убеден сум дека ќе најдеме заедничко решение“, рече Заев.

Г.Н.Р.