Најмногу дожд заврнало во Лазарополе, реките со високи водостои

Од:

Добиените податоци од врнежите покажуваат дека најмногу дожд паднало во западните и северозапдните делови од Република Македонија и тоа 92 Лазарополе, 71 Маврово, 68 Пожаране, 65 Крушево, 52 Тетово,…

Овие врнежи дополнително ги зголемија водостоите на сите реки на територијата на Република Македонија, а особено во горниот дел на р.Вардар и нејзините притоки во полошко, горниот дел на р.Треска и нејзините притоки, р.Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, р.Сатеска и притоките, Голема Река, р.Брајчинска и останатите реки во преспанско, горниот дел на р.Црна и притоките, крушевско, битолско, прилепско и како и на други останати помали водотеци и суводолици.

Од утринските мерења најголеми вредности на водостоите се бележат на станиците: Јегуновце-р.Вардар=192, Радуша-р.Вардар=198, Тетово-р.Пена=140, Мак.Брод-р.Треска=188, Боротино-БоротинскоБлато=260, Ресен-ГолемаРека=167, БошковМост-р.Радика=169, Ботун-р.Сатеска=168.

Според информацијата од синоптичарите:

Претпладне е променливо облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. На планините со слаб снег. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер.Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени.

Очекуваме и понатака релативно високи водостои, но со тенденција на намалување во горните делови од сливовите и пренесување на врвот на големата вода во низводните текови.

Поради високите водостои на водотеците има појави на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија, и појава на заезерени површини во рамниците.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во сливовите на реките Треска, Вардар (горен тек гостиварско и тетовско), Црна (горен тек крушевско, прилепско, битолско), Сатеска, Радика, Црн Дрим, преспанско, …