Проектот Градиме Мостови – “Building Bridges Fund” (BB) отвора лесни можности за општините, учениците, наставниците, родителите, градинките и училиштата кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици.
Фондот Градиме Мостови е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој понатаму беше поддржан и од Владата на Ирска. Сега, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Австрија и Соединетите Амеркански Држави, покрај Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Деталниот Водич за апликантите за условите, како и кусиот и едноставен формулар за аплицирање, на англиски, македонски, албански, турски, српски, влашки, босански и ромски можат да се преземат подолу.
На кој јазик и да се пополнува формуларот, секогаш мора да се достави и преведена верзија на англиски јазик.
Тоа е поради фактот што за апликациите ќе одлучува мешано Советодавно тело составено од:
• Билјана Мицевска – Јосифовска, Кабинет на министерот за образование и наука;
• Валмира Истрефи, Советник на ЗПВРМ за спроведување на охридскиот договор;
• Венера Лумани, музичар;
• Н.Е. Воутер Пломп, Амбасадор, Амбасада на Кралството Холандија;
• Ирена Оровчанец, Советник, Агенција за остварување на правата на заедниците;
• Лела Јаковлевска, Виш проектен специјалист за образование, УСАИД, во име на Амбасадата на САД;
• Милутин Станчиќ, Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН;
• Огнен Јанески, Водител на ТВ и граѓански активист, ТВ 24
• Ребека Јанковска Ристески, музичар и граѓански активист;
• Н.Е. Ренате Коблер, Амбасадор, Австриска амбасада;
• Сара Барбиери, Раководител на проектот „Градиме мостови“, Мисија на ОБСЕ во Скопје< • Сафет Незири, Државен советник во Министерство за образование и наука; • Сашо Додевски, Советник во Министерство за образование и наука; • Тони Зен, музичар; и • Џеф Голдстеин, Заменик Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје; Крајните рокови за аплицирање за регуларните грантови (до 7.000 евра) се 1 март, 1 мај и 1 октомври 2018 година, додека за грантовите до 1,500 евра може да се аплицира во било кое време.
