Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две сообраќајни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и две со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, едно лице управувало моторно возило под дејство на алкохол, а 24 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се две возила и 13 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола.
Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 53 возила се подигнати со “пајак”. Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци кои поминале на коловоз надвор од пешачки премин, тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале на крстосница на црвено светло, и по еден возач бидејќи не дале првенство на минување односно поради неправилно престројување.
