А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивона Талеска на 19 февруари на суд за затајување данок

by А1он29/01/2018 - 14:2929/01/2018 - 14:30309
Share0

Ивона Талеска, обвинета во случајот „Тифани“ кој што го отвори специјалното јавно обвинителство, треба да се појави на суд на 19 февруари, додека судењето за случајот „Тендери“ за изградбата на Музејот на ВМРО е закажано за 21 февруари.

Добивај вести на вибер

Случајот на СЈО наречен „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година каде Талеска како управителка на Друштво за консалтинг Смарт ДООЕЛ и Смарт груп ДООЕЛ Скопје, која исто како претходниот управител за даночните 2008 -2014 година одбегнала даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи при презентирањето на случајот во јавноста, Талеска преку фирмите набавувала долна облека во вредност од 500 евра, здолништа, ташни, ремени, очила, шминки, точаци, сигурносни врати и друго.

Во „Тендери“ првобвинета е ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска заедно со уште 2 други лица, поради фаворизирање на компанијата „Бетон – Штип“ при изградбата на Музејот на македонската борба.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто