А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Утре почнува судењето за Груевски и Јанкулоска за набавката на луксузниот „мерцедес“

by А1он29/01/2018 - 11:29130
Share0

Во кривичниот суд за утре е закажано првото судско рочиште во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот на специјалното јавно обвнинтелство „Тенк“ за набавката на лускузниот „мерцедес“. Во обвинението пишува дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година, Никола Груевски како службено лице го искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило од марката „мерцедес“ модел С-600 Гард, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор „М. А. ДООЕЛ“ генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката „мерцедес“.

Добивај вести на вибер

Јанкулоска за да го исполни барањето го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Предмет на набавката било блиндирано патничко моторно возило со највисока заштита VR6/VR7 каде во спецификацијата на возилото во тендерската документација со цел во постапката да нема конкуренција економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, а и за фаворизирање, имало повеќе технички спецификации кои што се однесуваат за возилото „мерцедес“ марка С 600 Гард кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки и без да биде наведено дека можат да се дадат и понуди со други спецификации кои се еквивалентни на наведените во тендерската документација со што постапил спротивно на Законот за јавните набавки.

Обвинетите знаеле дека набавка на такво ново возило било вонредно скапо, во услови на намалена економска и куповна моќ на министерството. Јавната набавка била спроведена како да е за потребите на Министерството. Јанкулоска го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да го стори кривичното дело за потоа возилото од Министерството да се даде на користење и на обвинетиот Никола Груевски што сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но не сакал во јавноста да се дознае дека тој како службено лице користи такво луксузно возило.

В. М.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто