Османи: ДУИ смета дека не е потребен референдум за името

Од:

Демократската унија за интеграција смета дека не е потребно граѓаните да се изјаснат на референдум за промена на името, изјави вицепремиерот Бујар Османи и потенцираше дека се работи за партиски став.

„Сметаме дека прашањето за името треба да се реши по принципот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со ратификација на договорот од страна на Македонија и Грција“, рече Османи.

Вицепремиерот додаде ставот на ДУИ се разликува од оној на СДСМ, кои пак сметаат дека за прашањето за името треба да биде распишан референдум, па оттука владината коалиција преговара со цел да изгради заеднички став на државно ниво.

Во врска со координативниот состанок што се одржа викендов помеѓу лидерите на државно-политичкиот врв, Османи оцени дека средбата покажала знак на инклузивност на сите политички чинители и очекува да се постигне национален политички консензус. Според него рано е да се зборува за предлозите за името, за да не се наруши преговарачкиот процес. Додаде дека средбата била од информативен карактер.

Г.Н.Р.