А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Првите амнестирани затвореници најрано до петок може да бидат на слобода

by А1он29/01/2018 - 10:50127
Share0

Почнува постапката за ослободување на затворениците, по носењето на Законот за амнестија на осудените лица. Директорот на истражниот затвор „Скопје“, кој се наоѓа во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, за „Макфакс“ потврди дека очекува најрано до петок да заврши процедурата и да излезат на слобода првите амнестирани затвореници. „Сите казнено-поправни установи од денеска па натаму треба да ги пуштат документите до судовите кои се под нивна надлежност. Судовите имаат рок од 5 дена да изготват решение и да ни го достават“, вели Котевски.

Добивај вести на вибер

Од кривичниот суд претходно информираа дека повеќе кривични совети одлучуваат по барањата за амнестија. Очекуваат приближно 1.500 решенија. Со Законот за амнестија кој беше донесен на 15 јануари целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над три илјади осуденици. Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

В. М.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто