Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани

Од:

Сообраќајот на патот Штип-Кочани кој неколку часа беше во прекин поради сообраќајна несреќа е нормализиран од 18:20 часот, соопшти АМСМ.

Од таму, исто така, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.