Забрана за тешки товарни возила на Стража

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите. Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – г. п. Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.

На планинскиот премини Стража има забрана за движење на тешки товарни возила.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку планинскиот премин Маврово е укината од 06:30 часот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.