Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов смета дека не е злоупотреба тоа што патарината за странци во земјава чини 1,5 евро наспроти 60те денари за домашните патници.
Тој образложи дека токму разликата во цената на патарините за домашни и странски патници било неговото прво прашање кога стапил на функцијата директор.
– И мене ми беше чудно што се разликува денарскиот од девизниот дел, но кога ќе прашате во Народна банка, ќе ви објаснат дека, бидејќи се плаќа во железни кованици, мислам дека Народна Банка задржува 25 до 30 проценти и тоа целото кога ќе го претворите во денарската сума излегува така и не се работи за злоупотреба, појасни Китанов.
Тој смета дека модернизацијата на патарините нема да значи отпуштање вработени.
– Мора да има период на адаптација што ќе трае неколку години. Праксата ќе покаже колку граѓаните ќе се прилагодат на користењето при-пејд и електронски картички, појасни Китанов.
