Претседателот Иванов со дипломатскиот кор на прошетка низ Берово

Од:

Членови на дипломатскиот кор во Република Македонија денеска се запознаа со убавините на Берово во рамки на традиционаниот прием што го организира претседателот на државата Ѓорге Иванов.

На плоштадот „Димитар Поп Георгиев“ претседателот и дипломатите беа запознаени и дегустираа производи карактеристични за овој регион, а во Музејот на град Берово градоначалникот Драги Наџински им ги претстави поставките и презентираше дел од историјата. Гостите го посетија и манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил.

Иницијативата на претседателот за организирање приеми надвор од Скопје ја поздравија амбасадорите на САД и на Романија Пол Волерс и Јустинијан Фоска.

– Големо задоволство е да се биде денеска овде во Берово. Мислам дека оваа иницијатива што претседателот ја покрена да ги донесе амбасадорите во разни места е одлична идеја, бидејќи ги покажува различните делови на Македонија, ракотворбите и убавините, рече Волерс.

Романскиот амбасадор Фоска рече дека е импресиониран од Берово и оти тука има интересни и љубезни луѓе.