ИЈЗ: 128 нови случаи на грип

Од:

Во Македонија во периодот од 25 до 31 декември се регистрирани 128 нови случаи на грип, што не е значително зголемување во споредба со неделата пред тоа кога имаше 104 заболени лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Бројот на заболени од грип изминатата недела е повеќекратно помал споредено со истата недела од минатата сезона кога имаше 9.485 случаи.

Најголем број заболени (88) се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека најголема инциденца од 11,2 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Најголем број заболени (25 случаи) и највисока инциденца од 90,1/100.000 е регистрирана на територија на Подрачната единица Дебар.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 1.082.