Бошњаковски: Со Атина не се разговара за потенцијално име, рано е да лицитираме

Од:

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски изјави дека во моментов не се разговара за потенцијално име помеѓу Скопје и Атина, туку дека се гради доверба меѓу двете влади, нов момент на пријателство.

Тој потенцираше дека целта е прашањето да биде решено во интерес на сите.

– Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, со посредство на Метју Нимиц. Процесот е јавен и транспарентен. Се додека нема ништо конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња, истакна Бошњаковски.

Тој посочи дека владата отворено и јасно стои на ставот дека нема предрасуди да разговара за сите прашања и решенија кои ќе значат унапредување на односите меѓу Македонија и Грција.