Тримесечно бебе загина во сообраќајката на патот Кичево-Македонски брод

Од:

Во сообраќајката која што се случи денеска на патот Кичево-Македонски брод загина тримесечно бебе, а пет лица се повредени.

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Повредените биле пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а сообраќајот на патот во моментов се пренасочува по алтернативни патишта.