Нивото на Сатеска три пати пониско од просекот за јануари

Од:

Нивото на реката Сатеска кај Ботун е речиси за три пати пониско од јануарскиот просек, додека двојно е намалена и Црна Река кај Новаци, покажуваат последните хидролошки мерења.

Според УХМР, пониски се и водостоите на Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Зголемување има на водостојот на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бња и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на природните езера се во рамките на јануарскиот просек.