Македонија ќе пристапува кон глобалното партнерство „Global Deal“

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Македонија кон глобалното партнерство „Global Deal“ и да го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 5 дена од усвојувањето на оваа информација да ја спроведе постапката за пристапување на Република Македонија во глобалното партнерство „Global Deal“.

Целта на партнерството е изнаоѓање на заеднички решенија и заедничко справување со предизвиците од глобалниот пазар на труд, обезбедувајќи им на сите да имаат придобивки од глобализацијата. Партнерството претставува здружување на различни засегнати страни во линија со Целта 17 („партнерство за цели“) од Агендата за одржлив развој до 2030 година на ООН, но во линија и со Целта 8 за пристојна работа и инклузивен развој, како и Целта 10 за нееднаквостите.