Панче Орцев го менува Дејан Бошковски во Регулаторната комисија за енергетика

Од:

На денешната собраниска седница парламентарното мнозинство го разреши Дејан Бошковски од функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика, а на неговото место го именуваше Панче Орцев.

На седницата беше констатирано престанување на мандатот на членовите на Државниот совет за превенција на детско претстапништво Тања Богатинова, Лилјана Јаковчевска и Џулијана Мишевска.

Пратениците усвоија и Декларација за забрзување на реформсите и интеграциските процеси за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО, како и Нацрт-просториот план на Источниот плански регион 2013-2030.

Поддршка на седницата доби Предлог-законот за урбано зеленило во прво читање кој, како што рече Лилјна Поповска од ДОМ, ќе овозможи сериозна промена во третманот на зеленилото и во сферата на урбанизмот. Изготвен е според австриското и германското законодавство и стандарди за заштита на заленилото.