В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Oпштина Центар – Скопје, Вангел Андрески денес оствари работна средба со В.Д. директорот на ЈП „Градски Паркинг“ – Тетово, Фејсал Беадини на која се разговараше за управувањето со јавните паркиралишта и обезбедување и олеснување на пристапот до услугитеод областа на комуналните дејности.
На средбата, В.Д. директорот на ЈП ПОЦ, им го претстави досегашното тековно работење на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во доменот на Пајак Службата, СМС услугите, наплатата и организацијата на јавните паркиралишта, како и останатите активности поврзани со паркинг услугата во насока на подобрување на резултатите и примена на позитивните искуства од страна на сродните претпријатија адаптирани на нивниот опис и обем на работа.
Исто така, беше претставена и мобилната апликација на ЈП ПОЦ која овозможува брзо и едноставно добивање на сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува.
На работната средба се разговараше и за начинот на кој ќе функционира Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта која беше потпишана во мај годинава.
