Османи: Нема да има нов министер за здравство пред 25 декември

Од:

Во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски места и нема да има поголема реконструкција на Владата, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

– Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации по однос на ова прашање. Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори, истакна Османи, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договорот за економска и техничка соработка со Народна Република Кина.

Иако во јавнста кружи името на докторот Венко Филипче како нов министер за здравство, се уште нема официјален став од Владата.