Комората на овластени архитекти и инженери одбележува 10-годишен јубилеј

Од:

Десетгодишнина од своето основање денеска ќе одбележи Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

На настанот ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши, а ќе се обратат и министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, Миле Станковски претседавач на Собранието на Комората, Миле Димитровски претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Награди, плакети и благодарници ќе бидат доделени на заслужни инженери и архитекти.