А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Триесет проекти на јавниот повик за намалување на загаденоста „О2 предизвик“

by А1он15/12/2017 - 17:2715/12/2017 - 17:2881
Share0

На јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој пристигнале 30 предлози, од кои 27 биле потполни.

Добивај вести на вибер

Во понеделник ќе започне селекцијата на предлозите, а тие што ќе добијат повеќе од 51 поен влегуваат во финална фаза.

На повикот се пријавиле 30 микро, мали и средни претпријатие со свои предлог проекти, од кои 27 биле потполни. Осум проекти биле за „користење на енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, девет биле во областа на „градежништво и урбани алтернативи“, додека две апликации биле со повеќесекторски пристап.

Оценувањето на проектите ќе го врши комисија составена од Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови.

Проектите кои што ќе влезат во финалната фаза ќе имаат можност директно да ги презентираат проектите пред комисијата. Вкупниот буџет на повикот е 6 милиони денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени преку Буџетот на РМ.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто