Чепуњовски и Бренер разговараа за обуки на персоналот на М-НАВ

Од:

Директорот на воздухопловна техника и член на УО на М-НАВ Климент Чепуњоски на средба со директорот на „Еуроконтрол“ Франк Бренер укажал на потребата од постојано подобрување на стручната оспособеност на персоналот на воздухопловна техника и ја потенцирал важноста на обуките и одржување на нивниот континуитет.

– Ја образложив неопходноста од интензивни обуки, кои би се одржале во Луксембург или во Македонија. Разменивме мислења и за важноста на поврзувањето на Словенечката контрола на летање со регионалниот центар во Мастрихт како и за можностите за ваква интеграција на Македонската навигација, изјави по средбата директорот Чепуњоски, кој учествува на дводневната работилница за надзорни технологии во воздухопловството, што вчера и денес се одржува во „Евроконтрол“ во Брисел.