Ќе се изврши санација на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка, а ќе се врши и поправка на радарскиот систем во Ѓуриште, соопштија од Владата.
Одлуката Владата ја донесе денес по разгледувањето и усвојувањето на информацијата за потребата од финансиски средства за санација на овие метеоролошки станици.
