Исчистени дивите депонии во Центар, се отстрануваат заболените и опасни дрвја

Од:

Во денешната акција на Град Скопје и општина Центар за чистење на општината беа собрани 40 кубика шут. Речиси целосно се исчистени двете големи диви депонии на Кале и во Крњево.

Старите, заболени и опасни дрвја беа отстранети. Ова се дрвја кои се претходно обележани од „Паркови и зеленило“ , и тие го вршат сечењето и кастрењето на сувите гранки.

Општина Центар ќе продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување.

Зазеленувањето на Општина Центар ќе придонесе за зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа и на квалитетот на животот и за заштита на животната средина.

Акцијата за чистење на Центар, продолжува и утре.