ВИДЕО: Василевски во Шутка, куќен притвор за Пешевска, Тарчуловски и Димовски

Од:

Пратеникот Сашо Василевски доби 30-дневен притвор, а на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден домашен притвор, објави попладнево Кривичниот суд.

Арнаудов, Мукоски и Василевски попладнево со полициско комбе и со полициска придружба беа однесени од Кривичниот суд.

Пратеникот Крсто Мукоски пред влегување во судот кратко пред медиумите рече дека верува во судот и посочи дека нема правна основа да му биде определена мерка притвор.

Пратеникот Сашо Василевски, пак, на прашањето на новинарите што очекува денеска, само кусо се заблагодари на поддршката од медиумите.

Тие се дел од 36-те лица што Основното јавно обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Виктор Јованов