Душко Јанковиќ, адвокатот на обвинетиот Душко Лазаров, началник во МВР, најави дека ќе се жали за притворот.
„Постои двоен аршин за определување притвор. За некој за исто дело нема притвор, а за некој куќен“, рече Јанковиќ.
Лазаров е дел од групата на која што судија на претходна постапка им изрече мерка притвор поради случувањата на „крвавиот четврток“ и упадот во Собранието.
В.М.
