Во Македонија во третиот квартал годинава имало 5.866 живородени деца, што е намалување за 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, соопштија од Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во третото тромесечје годинава бележи раст од 3,4 отсто во споредба со минатата година и изнесува 4.823 лица, од кои 64 се умрени доенчиња.
Со тоа природниот прираст за овој период изнеснува 1.043 лица.
Во третиот квартал биле склучени и 4.670 бракови, што е зголемување за 8,2 отсто во посредба со минатата година, а зголемен е и бројот на разводи. Имало 399 разведени бракови, за 27,1 отсто повеќе од минатата година.
