ВИДЕО: Нападната екипата на „Макфакс“ и „А1он“ на протестот пред кривичен

Од:

Демонстранти пред кривичниот суд ја нападнаа екипата на „Макфакс“ и „А1он“ која известува за протестот. Еден од нив, на чекор од полицискиот кордон, со рака му ја покри камерата на снимателот и го спречи во извршување на работната задача, а новинарот се пожали дека во турканицата му биле одземени дел од работите што држел в раце.

„Од сите страни ни се закануваат, а во еден момент успеаја и да го спречат известувањето во живо. Почнаа да нè туркаат, ми ги земаа слушалките од раце, кои ми се неопходни за работа, и листовите со забелешки, за што ќе поднесам пријава во полиција, а ја турнаа и камерата на снимателот“, вели нападнатиот новинар, Кристијан Ландов.

Полицијата не реагирала во расчистување на турканицата иако судот е под силно полициско обезбедување.

Протестот го организира ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт против, како што велат, политичкиот прогон на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и уште 35 истакнати членови и поддржувачи на партијата, учесници во настаните од крвавиот четврток.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Судот, можете да го гледате во живо на А1он.