Советниците на Алијанса за Албанците и Беса од Гостивар: Со закани и уцените предомислени советниците од помалите партии

Од:

Советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА информираат дека иако имале обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на општина Гостивар и закажале иницијатива за одржување на конститутивна седница, дошло до промена.

– Вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците и Движењето Беса.

Тие оцениле дека е неразумно да бидат дел од „крајно манипулативната конститутивна седница“ и затоа ја напуштиле.