На обиколницата на Скопје, во непосредна близина на надвозник за Арачиново, се случила сообраќајна несреќа во која што непознато лице со возило удрило во пешак кој што починал на лице место, а возачот го напуштил местото на настанот.
Од екипа на итната медицинска помош била констатирана смрт, а увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
