А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија на 65. место на Гуд Кантри Индексот

by А1он09/11/2017 - 18:5085
Share0

Според најновиот Гуд Кантри Индекс, Македонија се наоѓа на 65. место врз основа на параметрите кои вклучуваат големина и придонес кон општото добро на човештвото.

Добивај вести на вибер

Индексот опфаќа 163 земји и се мери според седум критериуми: светски придонес во науката и технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, светскиот поредок, планетата и климата, просперитет и еднаквост како и здравје и благосостојба.

Македонија е на 27. место спроед светскиот придонес во науката и технологијата, 70. место по придонес во културата, 125. место за придонес во меѓународниот мир и безбедност и 59. место по придонесот во светскиот поредок. Земјава е и на 62. место по придонес за планетата и климата, а 93. место по придонес за просперитет и еднаквост. На 119. место се наоѓа Македонија по светскиот придонес за здравје и благостојба.

На врвот на листата е Шведска, а по неа следуваат Данска и Холандија. Последна е Либија, а пред неа се Екваторијална Гвинеја и Централна Афричка Република.

Од регионот најдобро рангирана е Словенија, на 28. место, Бугарија е на 29. место, Грција на 32., Хрватска на 40., а Србија на 48. место.

Црна Гора е на 55. место, Босна и Хервеговина на 74, додека Албанија е на 109. место.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто