Шест лица биле повредени, од кои четири деца денеска во сообраќајка што се случи на патот Маврови Анови – Дебар.
Според информации на МВР, сообраќајката се случила во 16 часот помеѓу едно патничко возило со тетовски регистарски ознаки и товарно возило.
Повредени се патниците од патничкото возило, односно возачот и неговата сопруга и четири малолетни деца кои што биле во автомобилот.
