Македонско респираторно здружение бара поригорозно спроведување на законот за заштита од пушење

Од:

Македонското респираторно здружение повикува да се преземат чекори за поригорозно спроведување на Законот за заштита од пушење наместо да има заложби за либерализација на пушењето.

– Секојдневно слушаме и гледаме дебати во јавноста и социјалните мрежи со бројни позитивни и негативни коментари во врска со предлозите за либерализација на Законот за пушење во Македонија. Како сериозни професионалци апелираме сите лица, тела и институции да направат се што е во нивна моќ за заштита на здравјето на населението во Македонија, стои во соопштението од Здружението.