Една и пол година затвор за екс началникот на УБК, Горан Грујовски кој е во екстрадициски притвор, за незаконско уништување на документацијата за нелегалното прислушување. Олеснителна околност која судот ја земал во предвид при носењето на пресудата е тоа што Грујевски досега не е осудуван, додека пак како отежнителна околност е земено бегството и иницирањето на кривично дело.
Една од службеничките кои учествувале во процесот на уништување доби 2 години условна казна, додека пак останатите пет добија 9 месеци исто така условна осуда. При изнесување на пресудата судот изјави дека не е потребна казна за службеничките туку само условна казна со образложение дека досега не се осудувани, а и потенцирале дека било загрозено нивното работно место.
Судењето за овој предмет наречен „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Урпавата, барањето безбедносни сертификати и сл.
Околу 3.000 документи биле уништени во црни ќеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.
Виктор Јованов
