Жител на село Градец се превртел со тракторот и починал од здобиените повреди

Од:

Во атарот на село Градец, Виница бил пријавен несреќен случај при што И.Г. (25) управувајќи трактор со приколка натоварена со дрва излетал од шумскиот пат и од здобиените повреди починал на лице место.

На тракторот бил и неговиот татко Д.Г. (54), кој што се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип.